Мајка која роди тројка стана хит со фотографии од преголемиот стомак во бременоста

Чарлс, Теодор и Габриел се родија во 35-тата недела до бременоста. Михаела се породи со царски рез.

„Има празнина во мојот стомак, но моето срце и моите раце никогаш не биле толку полни со љубов и среќа“ – напиша мајката на првата фотографија со новородените бебенца.

 

Михаела Мајер-Морси сподели фотографии од последните месеци од бременоста и остави многумина без зборови. Нејзините фотографии покажуваат колку неверојатно е женското тело и наидоа на навистина голем интерес. Мајката од Копенхаген, која пред една недела роди тројка, стана хит на Instagram поради преголемиот труднички стомак.

Михаела сподели фотографија од стомакот и 10 дена по породување„Мојот стомак 10 дена по раѓањето на бебињата. Веќе е значително помал – но е тежок и имам многу болки. Царскиот рез не ми смета – освен ако треба да кашлам, кивам или повраќам.“„Но, цревата ми се тркалаат во големата празнина, што е непријатно и боли. Матката ми се наоѓа веднаш до кожата и е супер чувствителна, боли и при најмал допир“ – пишува таа во описот.

Михаела доби бројни коментари за поддршка и многумина ја нарекоа „суперхерој“. Жените кои раѓаат по повеќе од едно дете одеднаш се херои“, „Ох Боже, каква жена“, „Ме остави без зборови. Драга, ти си СУПЕРХЕРОЈ“ и „Немам други зборови, освен СЕКОЈА ЧЕСТ – се дел од коментарите на соцјалните мрежи.Михаела и нејзиниот сопруг имаат уште две деца.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.