Оливија Палермо во беспрекорен свечен костум, идеален за постудените денови (ФОТО)
Повторно блесна
Таа е позната по тоа што знае да ризикува во модниот избор, а сепак да остане доследна на својот автентичен осет за стил.
Оливија Палермо е прогласена за една од најголемите стилски икони на денешницата, со целосно право, ако не’ прашате нас. Таа го задржува својот класичен стил, кој истовремено е и креативен – каков што беше случајот кога се појави на премиерата на филмот „Гучи“ во Њујорк.
Во друштво на сопругот Јоханес Хабл, Оливија демонстрира како се носи елегантен кадифен костум, кој е многу актуелен кога станува збор за свечените пригоди.
Имено, модната инфлуенсерка и претприемач се одлучи за смарагдно-зелен костум во комбинација со мини-чанта со светки и градник од тантела, кој лежерно ѕиркаше од под сакото.
Косата во боја на мед ѝ беше навиткана во бранови, додека шминката ѝ беше многу гламурозна и вклучуваше богато нанесен ајлајнер, светкава сенка, незабележливо руменило и кармин во беж боја.
Јоханес Хабл се одлучи за светло сив триделен костум и заедно позираа пред фотографите.