Секоја жена мора да го јаде ова овошје во зима: Еве зошто!

Грижете се за здравјето

Ако сакате да ослабите, да го исфрлите холестеролот од телото и да ги урамнотежите хормоните, секој ден јадете го ова овошје

Калинката се нарекува и кралско овошје, но не поради круната што ја има на врвот на плодот, туку поради својот единствен состав и огромниот број корисни придобивки. Калинката многу се користи во медицински цели. Ова овошје содржи цел витаминско-минерален комплекс, кој има неверојатен ефект на човечкото тело.

Откриено е дека сокот од калинка содржи дури 15 видови аминокиселини, од кои 6, освен во калинката, може да се најдат само во месото. Па така, ако одлучите да се откажете од месните производи, состојките неопходни за здравјето можете да ги добиете и од калинката.

Како калинката влијае врз организмот…

1. Го регулира хормоналното ниво

Откриено е дека семките од калинка содржат масло што ја враќа хормонската рамнотежа во телото. Жените треба да му обрнат посебно внимание на ова овошје, бидејќи тоа ги ублажува болките за време на менструација, ублажува главоболки и помага во менопауза.

2. Дејствува како природен инсулин

Калинката е многу корисна за дијабетес. Само 0,5 лажиче сок од калинка 4 пати дневно го намалува шеќерот во крвта.

3. Го зголемува хемоглобинот

На луѓето што страдаат од анемија им се препорачува да пијат половина чаша разводнет сок од калинка 3 пати дневно 30 минути пред оброк, во период од два месеца.

4. Ја дезинфицира усната празнина

Кората од калинка ја ублажува болката и ги дезинфицира грлото и устата во случај на стоматитис, фарингитис и болки во грлото.

5. Го снижува притисокот

Калинката, исто така, е неопходна за хипертензивни пациенти, бидејќи може да го снижи крвниот притисок, без да остави негативни последици на телото. Ова овошје, исто така, има и смирувачки својства. За да го смирите нервниот систем, да се ослободите од несоница и анксиозност, треба да пиете чај со додаток на исушени мембрани од калинка.

6. Ја подобрува меморијата

Излегло дека пиењето 8 г сок од калинка во период од четири недели значително ја подобрува вербалната и визуелната меморија.

7. Ублажува воспаленија

За болести на бубрезите, црниот дроб, зглобовите, очите, ушите и половите органи, лекарите советуваат употреба на кора од калинка. За да ја подготвите, треба да земете 2 супени лажици исечкана кора, да ги ставите во 1 шолја врела вода и да ја варите течноста 30 минути на рингла. Потоа, исцедете го чајот и додајте уште малку зовриена вода. Користете го овој лек 2-3 пати дневно по 50 мл, половина час пред оброк.

8. Го намалува гладот

Само 1 чаша сок од калинка дневно може да ви помогне да ја одржувате тежината, поради тоа што ја продолжува ситоста. Научниците тврдат дека овој ефект е последица на полифенолите што се содржат во сокот, кои се познати по својата способност да го потиснат апетитот.

9. Штити од болести на кардиоваскуларниот систем

Постојаната консумација на калинка значително го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести. Исто така, 0,5 мл сок од калинка 3 пати дневно штити од срцев и од мозочен удар.

Една калинка на ден – за здравје и убавина!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.