Наспијте се за 4 часа: РЕМ-техника на спиење што функционира кај секого!
Неверојатно!
Според научниците, пет часа сон се доволни за телото на човекот да закрепне, да зајакне и да добие сила. Но за да се наспиете за 4-5 часа, мора да следите низа принципи и правила за спиење
Експертите развиле посебна техника на спиење така што човек може да се наспие за 4-5 часа и да добие енергија и сила за цел ден.
Како функционира техниката РЕМ на спиење?
- Опуштете се пред да заспиете. Не треба да заспиете со сите ваши грижи и проблеми. Затоа, одвојте 10-15 минути, а потоа размислувајте за нешто убаво или слушајте смирувачка музика.
- Не го оптоварувајте стомакот пред да си легнете и не прејадувајте се навечер. Во спротивно, телото сета енергија ќе ја потроши на варење храна.
- Користете посебен прибор за спиење. Релаксирачка перница со ароматични билки (за тоа особено погоден е хмељот), превез преку очи и чепчиња за уши, ако е потребно.
- Истуширајте се со топла вода пред спиење. Ова не е само одржување хигиена, туку и одлично измивање на информациите, впечатоците и емоциите што се насобрале во текот на денот. Водата најдобро ги „отстранува“, опуштајќи го телото.
- Спијте под топла покривка. Многу полошо се спие на ладно одошто на топло.
Навикнете го телото на петчасовен сон. Обично ќе успеете да се приспособите на овој ритам за 1 месец. - Одредете си еден ден во неделата (по можност не работен ден), кога можете мирно да се наспиете за наредните денови, односно нешто подолго од вообичаено (8 часа).
- Легнувајте си пред 24 часот. Во овој период човечкото тело побрзо и подобро заспива. Два часа сон по полноќ се еднакви на еден пред полноќ, нагласуваат експертите.
Сите горенаведени правила на РЕМ-спиењето земаат предвид три основни компоненти на квалитетен и здрав сон: организација на местото за спиење, услови за спиење и правилен однос кон спиењето.