Како да го подобрите расположението во тмурните есенски денови?

Зошто есента е толку посебна?

Ова е време на најубавите модни комбинации со кои им пркосиме на постудените утра и кои ќе го подигнат нашето расположение во тмурните есенски денови кои допрва ќе бидат наше секојдневие

Есенската магија во сите свои бои ја покажа својата убавина. Не можеме, а да не уживаме во оваа експлозија на бои, кои во нас будат позитивни чувства и желба за промена.

Зошто есента е толку посебна?

Она што ја прави есента извонредна и уникатна е нејзиниот изглед. Ова е време кога боите се менуваат, расположението се менува, времето се менува и токму есента не потсетува дека секоја промена е прекрасна.

Ова е време на најубавите модни комбинации со кои им пркосиме на постудените утра и кои ќе го подигнат нашето расположение во тмурните есенски денови кои допрва ќе бидат наше секојдневие.

Природата има огромно влијание на тоа како ги доживуваме и толкуваме боите. Секогаш држете се до бои кои се познати по тоа дека шират позитивни вибрации.

Белата боја, на пример, често се поврзува со чисти, невини емоции и чувство на среќа, зелената боја во облеката поттикнува поголема самодоверба, жолтата боја, или бојата на сонцето, ќе направи да зрачите со радост и оптимизам, иако можеби денот не Ви започнал така, а портокаловата боја ќе додаде топлина на
вашиот изглед, и ќе ја нагласи вашата креативност и ентузијазам.

Како што малку повеќе боја во вашиот стајлинг ќе направи да се чувствувате подобро, исто така и носењето на облеката што ве потсетува на среќни моменти може да ви помогне да внесете малку повеќе радост во вашиот живот.

Тоа може да биде омилената блуза, фустанот кој сте го носиле кога сте биле унапредени, панталоните од кои не можете да се разделите затоа што најдобро ви прилегаат.

Побарајте модна инспирација на www.linea.mk!

Инстаграм: @linea.fashion.official

Фејсбук: @linea.mk

ФОТО И ТЕКСТ: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.