Пејачката има 140 килограми, но нема комплекси: Облекла проѕирен фустан и ги занемела фотографите!
Сите занемеле
Кога Меган Фокс ќе облече проѕирен (мрежест) фустан само со гаќички одоздола, тогаш сите ја фалат, но кога ќе го направи тоа Лизо – приказната добива неочекуван пресврт
Познатата пејачка Лизо (33) во Америка важи за уметница што поттикнува различности. Таа има 140 килограми, но Лизо ја обожава својата тежина, а телото со задоволство го покажува и на плажа и на црвениот килим.
Вчера се појавила на роденденот на раперката Карди Би, облечена во мрежест виолетов фустан под кој носела само гаќички. Направила комплицирана фризура, додека на забавата дошла босонога.
Лизо се обидела на фотографите да им го покаже најдобриот агол, цело време држејќи го за рака својот телохранител. Изгледа дека темата на забавата била „разоткривање“, бидејќи сите гости дошле разголени.
Мелиса Вивиен Џеферсон (33), попозната под уметничкото име Лизо, е пејачка, музичарка (свири флејта) и актерка. Родена е во Детроит, пораснала во Хјустон, а својата музика ја опишува како црковен госпел на кој може да се тверкува.
Лизо едноставно е тоа: спој на неспојливото! Со своите 177 см висина и 140 кг тежина, таа е голема жена и знае како да се носи со тоа!
Музичарката од својата десетта година свири флејта и дипломирала изведба на овој инструмент. Иако нејзината музика има цел да понуди нешто ново, сепак Лизо сака да поттикне промени и во перцепцијата на женското тело:
„Не можам еден ден да се разбудам и да не бидам црна. Не можам еден ден да се разбудам и да не бидам жена. Не можам еден ден да се разбудам и да не бидам дебела.
Секогаш сум била црна, жена и дебела. Секогаш сум ги имала овие три работи против мене на овој свет, и затоа што морам да се борам за себе, јас морам да се борам и за сите вас кои сте како мене“, рекла пејачката за тинејџерскиот „Вог“.