Ќерката на Моника Белучи воодушевила во најубавиот фустан: Копија на мајка ѝ!
Дева Касел
Дева се појавила на снимање на улиците во Портофино во прекрасен виолетов фустан со цветен дезен
Ќерката на италијанската актерска дива Моника Белучи и францускиот актер Винсен Касел, била забележана во Портофино, Италија.
Дева Касел се појавила во прекрасен виолетов фустан со карнери и со цветен дезен на снимање на улиците на Портофино, а нејзината појава предизвикала општо воодушевување.
Она што многумина прво го забележале е физичката сличност на Дева со мајка ѝ Моника.
Освен карактеристичните црти на лицето што ги наследила од познатата мајка, Дева сега носи и слична фризура, што дополнително придонесува за сличноста со Моника.