Потребно е многу храброст за ваков стајлинг: Поранешната манекенка (46) прошетала во мини-сукња, а коментарите не стивнуваат!

Таа знае како да привлече внимание

Само нејзе може да ѝ стои мини-сукња толку добро во петтата деценија

Викторија Силвестед и во петтата деценија може да се пофали со совршена фигура, па така без проблем може да прошета и во мини-сукња.

Поранешната манекенка ништо не ѝ препушта на случајноста, па така редовно вежба и внимава што јаде. Вели дека до одреден степен за нејзиниот изглед е заслужна генетиката, но дека и напорната работа има удел.

Славната русокоса овој пат била фотографирана во Мајами, а на себе носела бела сукња со асиметричен крој и костим за капење со смел леопардски дезен. Целата модна комбинација ја надополнила со плетена чанта, која е ултрапопуларна ова лето.

Викторија е свесна за својот изглед, па гордо им позирала на фотографите. Овие фотографии брзо го обиколија светот, а коментарите почнаа да пристигнуваат во истиот момент.

„Оваа жена не старее.“, „Годините одлично ѝ стојат.“, „Имам 32 години, а таа изгледа подобро од мене“, се само некои од коментарите.

Кога таа ќе се соблече по костим за капење, настанува вистински метеж: Манекенката изгледа феноменално на 45 години!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.