Новата избраничка може да му биде ќерка: По двата пропаднати брака, славниот актер се смирил покрај 39 години помлада убавица!

Љубовта им цути

Им пркоси на злите јазици што им предвидуваа крај

Славниот шведски актер и јунак од акциски филмови Долф Лунгдрен и фитнес-инструкторката Ема Крокдејлс се свршија пред една година, а судејќи според последните фотографии, се чини дека уживаат во љубовта. Иако многумина им предвидуваа крај, тие докажуваат дека разликата во годините не им претставува ни најмал проблем.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dolph Lundgren (@dolphlundgren)

Деновиве, 63-годишниот Долф и 24-годишната Ема, која е инаку врсничка со неговите ќерки, биле видени како шетаат на улиците во Лос Анџелес. Според зборовите на очевидците, тие изгледале вљубено, а дури и ги усогласиле модните комбинации.

Тие се запознале во 2019 година во една вежбалница, а официјално ја потврдиле својата врска минатата година појавувајќи се на филмски фестивал во Доминиканската Република.

Во јуни во 2020-та, Долф на својот инстаграм-профил објавил дека се свршени.

„Нешто многу посебно се случи во Шведска“, напишал тој тогаш.

Шведскиот актер стекна светска слава во 1985 година во филмот „Роки 4“, а познат е и по појавувањата во филмските франшизи Universal Soldier и The Expendables.

Долф се женел два пати. Со првата сопруга Пери Мом бил во брак една година, додека со втората сопруга поминал 17 години, со која добил и 2 ќерки.

Долф Лундгрен се огласи за својата 40 години свршеница: „Ми го промени животот“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.