Дознајте ги имињата на полуфиналистите во „Заблескај“ – Ова се најдобрите 14. учесници кои се на само чекор до остварување на својот сон

Премиера на Телма теелвизија во среда

После шест снимени емисии и аудици и стотици пријавени кандидати, најдобрите 14 -ет во музичкото талент шоу „Заблескај“ ќе имате можност да ги чуете и видите премиерно во среда, во рамки на големата полуфинална емисија која ќе се емитува на Телма телевизија со почеток во 22 часот и 50 минути, а репризата е во четврток во 16 часот и 40 минути.

Имињата на полуфиналистите кои ќе ги гледате се: Минела Богдановиќ, Божица Китановска – Бони, Тони Андреев, Анастасија Филиповска, Ненад Јованов, Иван Милевски, Ангела Лавровска, Марија Јаковлевска, Никола Симоноски, Сара Сурлаџиоска, Марија Цветановска, Андријана Петрушовска.

Во полуфиналето ќе нема коментари во живо од страна на стручно жири, а откако ќе биде емитувано на Телма телевизија, истото ќе биде објавено и на Јутјуб каналот на „Убавина и здравје“.

И додека го чекаме полуфиналето, потсетете се на сите шест емисии кои беа емитувани и прикажани досега:

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.