Лекција од Стив Џобс по која ќе го гледате животот со други очи: Кој кревет е најскапиот на светот? Болничкиот кревет!

Неговите последни зборови

Тој беше креативен визионер кој го промени современиот свет

Стивен Пол Џобс беше главен раководител и еден од основачите на компанијата „Епл“. До 1980 година, Џобс беше еден од најмладите милионери што се нашле на Форбсовата листа на најбогати луѓе во Америка.

Почина на 5 октомври 2011 година на 56 години по долга борба со ракот.

„Јас го достигнав врвот на успехот во деловниот свет. Во очите на другите, мојот живот е олицетворение на успехот. Меѓутоа, покрај работата, имав многу малку радости. На крајот, богатството е само производ од животот на кој се имав навикнато. Во овој момент, додека лежам во болнички кревет и се сеќавам на целиот свој живот, сфаќам дека сите признанија и богатства што сум ги зел со толкава гордост, избледеле и станале безначајни пред лицето на претстојната смрт.

Во мракот, додека гледам во зелените светла на апаратите за одржување на животот и го слушам зуењето на механичките звуци, го чувствувам здивот на смртта што ми се приближува.

Сега знам дека кога ќе стекнеме доволно богатство за целиот наш живот, треба да трагаме по други работи што не се поврзани со богатство. Тоа треба да биде нешто многу поважно: можеби меѓучовечки односи, можеби уметност, можеби сон од младите денови…

Константното трагање по богатство само ќе го претвори човекот во чудно суштество како мене. Бог ни дал сетила за да почувствуваме љубов во сечие срце, а не илузиите што ни ги носи богатството.

Богатството што го стекнав во животот не можам да го понесам со себе. Она што можам да го понесам се само спомените што се резултат на љубовта. Тоа е вистинското богатство што ќе ве следи, ќе биде покрај вас, ќе ви даде сила и ќе ви го осветли патот за да одите напред. Љубовта може да патува илјадници километри. Животот нема ограничувања. Одете каде сакате. Достигнете ги висините што сакате да ги достигнете. Сè што е во вашето срце е и во вашите раце.

Кој кревет е најскапиот на светот? Болничкиот кревет.

Можете да вработите некој да вози автомобил за вас, да ви заработува пари, но не можете да имате некој што ќе ја носи болеста за вас. Материјалните работи што ќе се изгубат може да се пронајдат. Но постои едно нешто што не може никогаш да се пронајде кога ќе се изгуби, а тоа е животот.

Кога човек оди во операциона сала, сфаќа дека постои една книга што допрва треба да ја заврши со читање – Книгата на здравиот живот.

Во која фаза од животот и да се наоѓате, со текот на времето ќе дојде денот кога ќе морате да се соочите со тоа дека завесите се спуштаат.

Чувајте ја љубовта за вашето семејство, љубовната врска, љубовта за своите пријатели… Чувајте се себеси. Грижете се за другите.“

Проверен рецепт за среќа од легендарниот Чарлс Дикенс: Ја објаснил суштината на животот со само една реченица!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.