Меган и Хари со уште еден потег ги прекинаа сите врски со Британија: Сите мислеа дека банкротирале, но ова е вистинската причина!

Се осамостојуваат

Фото: Getty Images

Со своите деловни одлуки, двојката потврдува дека има намера да остане во САД подолго време

Откако на 6 мај го прославија вториот роденден на синот Арчи, Меган Маркл и принц Хари продолжија со својот живот далеку од британскиот двор. Така, тие деновиве прекинаа уште една врска со Велика Британија – се откажаа од својата фирма Sussex Royal, со седиште во татковината на Хари.

Имено, документите објавени на страницата на компанијата House покажуваат дека двојката именувала доброволен ликвидатор да ја укине таа нивна хуманитарна организација, која минатата година ја преименуваа во MWX.

Двојката со своите деловни одлуки потврдува дека има намера да остане во САД подолго време.

Барањето за ликвидација на компанијата го поднеле уште на 4 мај, а две недели подоцна именувале доброволен ликвидатор. Тоа всушност значи дека двојката не банкротирала, како што се шпекулираше, туку дека само ја затвора својата хуманитарна организација. Процесот, како што е најавено, би требало да трае до десет дена.

Затворањето на фирмата е уште една потврда за нивната дефинитивна одлука да го продолжат животот во САД, во Калифорнија и дека барем некое време немаат намера да се вратат во Обединетото Кралство.

Наскоро премиера на серијал

Нивната одлука за укинување на хуманитарната организација беше објавена само еден ден откако Меган Хари биле видени како блескаат во најавниот трејлер за серијата за ментално здравје, која војводата од Сасекс ја продуцирал со славната Опра Винфри.

Проектот The Me You Can’t See е документарен серијал во кој Опра и Хари се појавуваат како модератори. Во серијалот се работи за менталното здравје и како да се справите кога тоа е нарушено. За сето тоа во серијалот многу отворено и искрено зборуваат бројни ѕвезди, меѓу кои се и Лејди Гага, Глен Клоуз, НБА-играчите ДеМар ДеРозан и Лангстон Галовеј, готвачот Рашад Армстид и многу други.

Во реализацијата на целиот проект учествувала и сопругата на Хари, Меган Маркл, докажувајќи дека знае како да заработи од своето и името на сопругот. Иако, поради одбивањето да живеат според кралските правила, многу погодности им се ускратени, двојката не банкротирала, туку покажува дека своите трошоци за осигурување и за одредениот стил на живот, можат да си ги финансираат сами.

Па така, никого не го зачуди нивниот потег за затворање на Sussex Royal, основана на 1 мај 2019 година, откако двојката се одвоила од организацијата што ја делела со принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Кралицата Елизабета не им дозволила да го користат зборот Royal во своето брендирање, па напуштањето на компанијата за да станат финансиски независни и да живеат во Америка, е само последниот потег на двојката која минатата година се откажа од кралските должности.

Меган и Хари наскоро ќе го добијат и второто дете – девојчето би требало да дојде на свет на почеток на лето.

Принцот Чарлс планира да им ги укине сите приходи на Хари и Меган: Еве зошто!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.