Принцот Чарлс планира да им ги укине сите приходи на Хари и Меган: Еве зошто!

Се шушка

Ако се оствари ова, побегнатата двојка повеќе нема да има никакви приходи од кралското семејство

Предвидувањата за иднината на Меган Маркл и принц Хари се лоши доколку се оствари она за коешто се шушка веќе со месеци. Кралската биографка Анџела Левин открила дека принц Чарлс ќе воведе некои промени за да заштеди пари за монархијата, а тоа значи дека Меган и Хари повеќе нема да имаат приходи од таа благајна.

Како што открила Левин, таа одлука на идниот британски крал би можела многу да влијае врз понатамошниот живот на војводата и војвотката од Сасекс, кои со синот Арчи моментално живеат во Калифорнија, во вила вредна 11 милиони фунти. Тоа накратко би значело дека Меган и Хари повеќе не би имале никакви приходи од кралското семејство, туку за сè би морале да се погрижат сами.

Се претпоставува дека прашање на време е кога принцот Чарлс и принцот Вилијам ќе расправаат за сите детали и за иднината на монархијата, вклучувајќи го и делот што се однесува на работничките членови на кралското семејство, а сето тоа по смртта на принцот Филип.

Доколку договорат „намалување“ помеѓу работните членови, тука би спаѓале и Чарлс и Камила, Вилијам и Кејт и нивните деца – принцовите Џорџ и Луис, принцезата Шарлот. Сите тие би можеле да останат без своите титули, но и покровителства, па постои голема веројатност да мораат да најдат платена работа за да се издржуваат.

„Принцот Чарлс веќе подолго време сака да ги намали трошоците на монархијата, како што сака и членовите на семејството да ги заслужат и оправдаат парите што ги добиваат од даночните обврзници. Ми се чини дека тоа ќе подразбере и отфрлање на Хари и Меган. Тој проширен дел кралицата го држеше на куп од сентиментални причини и тоа поради своите години, па ништо не сакаше да менува, што е разбирливо. Тој е подготвен за промени и мислам дека тоа и ќе го направи“, рекла Левин.

Испливаа детали од уште еден конфликт во кралското семејство: Принцот Чарлс и принцот Вилијам жестоко се скарале!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.