Хороскоп советува: Најдобрите фризури за секој знак на Зодијакот!
Ако размислувате за промена на фризурата, покрај моменталните трендови за косата, зошто да не се консултирате со Зодијакот?
Се разбира, ние обично се консултираме со хороскоп кога бараме одговори за врската, кариерата или личниот развој. Но, се прашувавме, што би ни препорачал Зодијакот кога сакаме да ја смениме фризурата?
Без разлика дали припаѓате на огнен или земјен знак, идеалната фризура е она што секој го посакува. Па, еве што ви препорачува хороскопот.
Хороскоп и фризури
Овен
Првиот знак на Зодијакот, Овенот е храбар и сака предизвици. Самоуверени и често нестрпливи, тие навистина немаат многу време (или трпеливост) за барање фризури, па нивниот хороскоп им препорачува да носат храбра боб-фризура што може да биде во необични бои.
View this post on Instagram
Бик
Со овој знак управува Венера, планетата на љубовта, убавината и парите. Затоа Бикот е прилично сензуален. Долгата, брановидна коса е идеална за овој хороскопски знак, бидејќи е романтична, но повторно необична.
View this post on Instagram
Близнаци
Разиграните Близнаци се секогаш многу зафатени и пребукирани. Затоа, им се советува да носат кратка коса – рамна или брановидна, бидејќи е лесна за одржување и секогаш изгледа беспрекорно.
View this post on Instagram
Рак
Раковите се секогаш помеѓу материјалниот и емотивниот свет, тие се заштитнички и сакаат рутина. Идеален претставник на овој знак, кога станува збор за косата, е Аријана Гранде. Класичната „опашка“, висока или ниска, кратка или долга, е идеална за Ракот.
View this post on Instagram
Лав
Горди и бестрашни, Лавовите сакаат прослави и да бидат во центарот на вниманието. Затоа им се препорачува да носат раскошни кадрици, кои ќе ги привлечат погледите и целосно го отсликуваат нивниот карактер.
View this post on Instagram
Девица
Логични, вредни и перфекционисти, Девиците се исто така многу креативен знак. Затоа хороскопот им препорачува да носат долги, ниски опашки, а врзаниот дел од косата може да биде кадрав.
View this post on Instagram
Вага
Креативната Вага ужива во луксузни, пофини работи, па затоа советот е да изберете фризура што одговара на додаток за коса. Вагите уживаат во гламурозни фризури.
View this post on Instagram
Скорпија
Скорпиите се полни со енергија, моќни, одлучни и страствени. Ништо не треба да им застанува на патот кон успехот, особено не нивната коса. Затоа, хороскопот им препорачува кратка боб-фризура.
View this post on Instagram
Стрелец
Најголемиот авантурист во хороскоп, Стрелецот, сака да патува и да истражува нови работи. Тој не ги следи трендовите, но сака необични фризури. Пробајте плетенки во каква било форма и нема да погрешите.
View this post on Instagram
Јарец
Јарците се фокусирани и понекогаш тврдоглави, но тие се лојални. За нив хороскопот препорачува шишки, а ако се прашувате дали ќе ви одговараат, не двоумете се!
View this post on Instagram
Водолија
Непослушна, бунтовна Водолија сака необичен, но впечатлив стил на облекување. Овие слободни и ексцентрични хороскопски знаци обожаваат лето и вода, па затоа идеална фризура за нив е „плажа“ изглед – светли прамени и брановидна коса.
View this post on Instagram
Риби
За Рибите често се вели дека се мудри и чувствителни. Затоа, хороскопот ве советува да изберете нежни степенасти фризури, „завеса шишки“ и благи кадрици кои целосно ќе ја рефлектираат вашата емотивна природа.
View this post on Instagram
Прочитајте и: Шест хороскопски знаци кои ќе ја запознаат својата вистинска љубов ова лето