Криси Тајген застанала во одбрана на Меган Маркл: „Овие луѓе нема да престанат додека не доживее спонтан абортус!“

Загрижена

Поранешната манекенка која минатата година доживеала спонтан абортус, сега е исплашена за бремената војвотка од Сасекс, бидејќи е изложена на медиумски напади, наводно по наредба на британскиот двор

Манекенката Кристи Тајген (35) застанала во одбрана на Меган Маркл (39) така што на Твитер јасно дала до знаење што мисли за нападите на поранешната актерка, која чека второ дете со принцот Хари.

Сопругата на пејачот Џон Леџенд (42) вели дека се плаши дека оние што ја прогонуваат нема да престанат додека и ова дете не го изгуби на истиот начин.

„Овој ужас со Меган Маркл почнува премногу да ме нервира. Овие луѓе нема да престанат додека таа не доживее спонтан абортус! Престанете по ѓаволите!“, напишала на социјалната мрежа.

Повеќето фанови ја поддржале нејзината објава.

„Се согласувам! Меган и Хари го направија вистинскиот потег кога го напуштија кралското семејство. Оставете ја Меган на мира“, гласел еден од коментарите.

Нов напад врз Хари и Меган Маркл: Што ќе се случи по емитувањето на телевизија на скандалозното гостување во шоуто на Опра, во кое славната двојка открива сѐ
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.