Најслаткото нешто што ќе го видите денес: Кејти Пери и Орландо Блум првпат уловени со ќеркичката!

Неодоливо!

Фото: Getty Images

Ова симпатично мало семејство ја крие својата приватност далеку од очите на медиумите, па сите ги изненадиле кога се појавиле на една градска плажа

Американската пејачка Кејти Пери и британскиот актер Орландо Блум станаа родители кон крајот на август минатата година, кога поп-пејачката ја донела на свет нивната ќеркичка Дејзи.

Пејачката тогаш споделила на Инстаграм фотографија од рачињата на бебето и му ги соопштила среќните вести на светот, но со оглед на тоа што таа и нејзиниот партнер си ја чуваат приватноста, досега немавме многу можност да видиме како ужива ова семејство. Но сега биле уловени на Хаваи, каде што се на летување, а Кејти и Орландо со себе ја повеле и својата наследничка.

Дејзи била малку во прегратките на мајка ѝ, малку кај татко ѝ, а изгледала неодоливо во своето летно комплетче и розов шешир, па оваа мала убавица му мамела насмевки секому што ќе ја погледнел.

Орландо Блум им ги растопи срцата на милион мајки: Ова е неговиот трик за заспивање на бебето
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.