Една од најстарите, најголемите и најскапите раси: Запознајте го кучето вредно 2 милиони долари!

Влева страв во коски

Олицетворение на силата и верноста

Пред неколку години, златен тибетски мастиф, една година стар, со висина од 80 сантиметри и тежина од дури 90 килограми, бил продаден за неверојатни 2 милиони долари. Освен што ова куче многу го усреќило својот нов сопственик, тоа станало и најскапо продаденото куче на светот и тој рекорд го држи и до денес.

Тибетскиот мастиф важи за една од најстарите и најскапите раси на кучиња на светот. Има специфичен изглед кој поради густото крзно потсетува на лавовска грива. Исклучително храбар, верен на семејството и одличен чувар. Може да лае и бара рана дресура и социјализација.

Тибетскиот мастиф е директен потомок на големото тибетско куче. Бил главно куче чувар во номадските култури во Кина, Индија, Монголија, Непал и Тибет. Ова куче подоцна завршиле во рацете на британските одгледувачи кои само малку ја разубавиле и дотерале расата, но тибетскиот мастиф сè уште претставува страв и трепет во Азија.

Она што најмногу ги карактеризира е нивната огромна градба. Овие кучиња може да бидат и повисоки од 80 см, а тежината им варира од 50 до 75 килограми. Одредени припадници на оваа раса ја надминале оваа тежина, па дури и стигнувале до 90 килограми.

За тибетскиот мастиф често се зборува дека е примитивна раса, бидејќи не е толку социјализиран и научен на однос со луѓе. Ова куче може да стане лојален пријател и чувар, но само ако сопственикот посвети многу внимание и го научи кучето на одреден број луѓе. Што се однесува до запознавање со нови луѓе, ова куче може да биде многу агресивно и незгодно, што го прави опасно но и одличен чувар.

Поради својата неверојатна сила и бестрашност, ова куче го добило прекарот ловец на лавови, бидејќи ја штитело стоката од напади на волци, леопарди, мечки, па дури и големи тигри.

Послушни, лојални и паметни: Ова се најинтелигентните кучешки раси на светот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.