Потребно е (за кошнички): 100 г брашно, 50 г путер, 25 г шеќер, 1 јајце, малку сол
За крем бруле: 200 г слатка павлака, 20 г млеко, 30 г жолчки, 180 г костен-пире, 10 г ванилин шеќер
За маскарпоне-крем: 200 г слатка павлака, 100 г маскарпоне-сирење, 1 стапче ванила, 20 г шеќер во прав
Приготвување: направете ги кошничките така што ќе ги помешате наведените состојки и ќе добиете тесто, кое се чува во ладилник за да се стегне, а потоа се расукува и со него се обложуваат калапите за кошници. Се пече на 180 степени додека добие златно-жолта боја.
Потоа се приготвува кремот бруле. Млекото, павлаката и ванилиниот шеќер се зовриваат, се додаваат жолчките и се варат. Во готовиот крем се додава костен-пирето. Потоа пригответе маскарпоне-крем. Сварете ги слатката павлака, маскарпонето, ванилата и шеќерот во прав (до 90 степени).
Оставете го кремот во ладилник преку ноќта. Во печените кошнички, излијте го кремот бурле и ставете ги во рерна, па печете ги на 100 степени, 15 минути.
Кога кремот во кошниците ќе се згусне, извадете ги од рерна и оставете ги да се изладат. Потоа нанесете чисто костен-пире во големина на орев. Изматете го маскарпоне-кремот со миксер и со слаткарски шприц нанесете го врз кошничките.
Текст: Б. Стојменовиќ
Фото: Pexels