Медиумите „зујат“ дека Душко Тошиќ ја изневерува Јелена Карлеуша, а тој им одговара вака (ФОТО)

Вежба ли вежба човекот...

Во фокусот на вниманието на медиумите во Србија повторно се Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, односно, прељубата во бракот, овојпат од страна на популарниот фудбалер, кој неодамна се врати од Кина во Белград.

Имено, медиумите ги преплави веста дека Душко Тошиќ наводно ја изневерува Јелена Карлеуша со бившата жена на пејачот Предраг Јовановиќ Близнак – дизајнерка на костими за капење Ана Јовановиќ, со која бил во врска веќе една година.

Душко наводно изнајмил стан во поширокиот центар на Белград за да може да се гледа со љубовницата, а гулапчињата веќе некое време ги гледаат заедно во белградските ресторани, како и во Дубаи.

Душко, иако беше во Кина, наводно ѝ приредил роденденско изненадување на Ана – испратил стотици букети црвени рози на нејзината адреса со кои таа се пофали на Инстаграм.

 

Почитувани припадници на седмата сила, би сакала во мое лично име, и во име на другите актери во оваа измислена афера, да престанете да објавувате лажни информации, бидејќи на овој начин им нанесувате голема штета на две семејства, пред се’, на нашите деца. Благодарам“, напиша Ана на својот профил, демантирајќи ги на тој начин написите дека е во љубовен однос со Душко, а и поп-пејачката  Јелена Карлеуша исто така ги демантира шпекулациите, додека, пак, Душко Тошиќ не се огласи по овој повод се’ досега…

Фудбалерот на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија од вежбалницата, давајќи им до знаење на своите следбеници дека озборувањата воопшто не го засегаат. Ова е прва објава на Тошиќ после вревата која се кренала во јавноста.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.