„Тоа ќе ти биде најголемата грешка во животот“: Доналд и Иванка се скарани, еве како љубимката го налутила својот татко!

Дознајте повеќе

Иванка Трамп е многу загрижена

Не е тајна дека Иванка Трамп е љубимка на својот татко, Доналд Трамп.

Нејзина пријателка од училишните денови неодамна открила дека тогаш успешниот бизнисмен Доналд Трамп многу се гордеел со тоа што ќерка му е најубавото девојче во своето училиште, а кога тргнала на факултет, почнал да ја учи сè што знае за светот на бизнисот.

Иванка активно го следела и во политичката кариера, а нејзиниот сопруг Џеред Кушнер, по женидбата со славната наследничка, му станал советник на Доналд за да остане сè во семејството.

Со оглед на тоа што никогаш не се зборувало за конфликтите во семејството Трамп, напротив, секогаш се забележувало дека децата на Доналд многу го почитуваат својот татко, многумина се изненадиле од веста за караницата помеѓу наскоро поранешниот претседател на САД и неговата ќерка Иванка.

Караницата околу новиот претседател и кариерата на Иванка

Како што пишуваат странските медиуми, Иванка го налутила татко му со одлуката да присуствува на инаугурацијата на Џо Бајден, на што Доналд, наводно, строго се противи.

Иванка, која со сопругот наскоро ќе се пресели на Флорида, наводно се плаши дека ќе ѝ пропадне политичката кариера по заминувањето на татко ѝ од Белата куќа, па се обидува по секоја цена да се претстави како коректна и самостојна личност.

Таа одлука наводно страшно го разгневила татко ѝ Трамп, кој лошо го поднел поразот на изборот, а кој е познат како големо злопамтило.

„Татко ѝ кажа дека ако се појави на инаугурацијата, ќе изгуби десетици илјади следбеници и дека тоа ќе биде нејзината најлоша одлука во животот“, открил извор близок на Трамп.

Иванка, пак, верува дека важно е да се покаже како „добар противник“, а дали ќе победат нејзините амбиции или лојалноста кон семејството, ќе видиме понатаму.

Искрена љубов или деловен ангажман: Ова е вистината за бракот на Доналд и Меланија Трамп (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.