Ако сакате да изгледате моќно, облечете се вака: Топ 5 зимски стајлинзи!
Модни предлози
Модни комбинации за сите генерации
Доколку оваа недела инспирацијата не ви е на високо ниво, ние имаме предлози. Најдовме 5 одлични зимски стајлинзи, кои сигурно ќе посакате да ги ископирате. Вака облечена, секоја жена изгледа моќно…
Ова е нашиот избор…
Црната боја секогаш е добар избор. Освен што секогаш е во тренд, прави фигурата да изгледа визуелно послабо. Токму ваквите чорапи со интересен дезен се апсолутен хит, па ако одлучите да се облечете вака, комплиментите нема да изостанат.
View this post on Instagram
Маиците, кошулите и џемперите со нагласени рамена веќе некое време се многу популарни, а причината зошто жените толку ги сакаат е тоа што прават секоја фигура да изгледа како песочен часовник. Кога рамената се нагласени, струкот автоматски изгледа потенко, а телото поженствено. Доколку ваквиот џемпер го искомбинирате со џинс и длабоки чизми, ќе добиете стајлинг за чиста десетка.
View this post on Instagram
Оваа сезона секоја модерна жена во својот плакар треба да има барем една волнена тренерка. Трендсетерките апсолутно полудеа по ова парче.
View this post on Instagram
Длабоките кожени здолништа никогаш не излегоа од мода, а оваа зима се особено популарни. Во комбинација со плитки чизми и блуза изгледа многу моќно.
View this post on Instagram
Тренерките веќе не се резервирани само за во вежбалница, сега тие се клучното парче за тренди-стајлинг. Нема да погрешите ако одберете една во впечатлива боја и ја искомбинирате со кожена јакна.
View this post on Instagram