Искрена љубов или деловен ангажман: Ова е вистината за бракот на Доналд и Меланија Трамп (ВИДЕО)

Брак или деловен договор?

Светот не престанува да зборува за бракот на поранешниот претседател и словенечката манекенка

Доналд и Меланија се запознале во Њујорк во еден ноќен клуб во 1998 година. Иако тој тогаш бил во придружба на друга жена, убавата Словенка веднаш му го привлекла вниманието и не чекал ни секунда, туку ѝ го дал својот приватен телефонски број, со надеж дека ќе му се јави. Иако прво не сакала да му се јави, бидејќи како што тврди „добро знаела кој е и каква репутација има кога станува збор за жените“, но сепак го направила тоа.

Иако Трамп е познат по својата екстровертност, некои би го нарекле тоа и еден вид егзибиционизам, Меланија е многу посрамежлива и повоздржана од својот сопруг.

Меѓутоа, заеднички пријатели, но и самата Меланија, потврдиле дека меѓу нив двајца веднаш се создала силна хемија.

Меѓутоа, хемијата очигледно не потрајала, бидејќи бројни сведоштва на нивни блиски соработници, пријатели и луѓе што работеле за семејството, тврдат дека тој брак отсекогаш бил, во најмала рака, чуден.

Доналд и Меланија никогаш не делеле спална соба, а познатиот бизнисмен дури и имал обичај да се заклучи во својата соба за да не го вознемирува сопругата.

Уште повеќе чуди и фактот што парот никогаш не бил виден заедно да вечера дома, што го изјавила жената која работела долго како послуга кај семејството Трамп.

Во прилог на сето ова одат и бројните видеа од првата дама, која со резигнација одбива да го фати сопругот за рака или лажно се насмевнува додека тој ја гледа, а потоа се мурти, што, секако, будните очи на папараците го забележале.

Погледнете го видеото кое до детали го прикажува бракот на Доналд и Меланија Трамп и проценете сами за каков брак станува збор…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.