Доктор Оз е сигурен: „Убеден сум дека ова е најдобрата диета на сите времиња!“ (ВИДЕО)

Начин на исхрана

Доколку сте подготвени во 2021 година да држите диета, еве што треба да знаете

Познатиот нутриционист, доктор Оз, во една емисија ги коментирал предностите и недостатоците на најпопуларните диети во 2020 година.

За диетата „30 дена“

„Станува збор за диета што е многу популарна помеѓу познатите актери, пејачи, забавувачи. Тоа е диета што ќе ви помогне да се чувствувате подобро: ќе имате енергија, подобро ќе спиете, подобро ќе живеете… Треба цели 30 дена да ја исфрлите од исхраната целата преработена храна, алкохол, благо и житарки.

Значи треба да јадете вистинска храна: јајца, морски плодови, риба, сирење, месо – сето тоа што би го одобрила вашата мајка. Ќерка ми само што заврши со таа диета и предностите се тоа што ќе го прочистите телото од благо и алкохол, а недостаток е тоа што е прилично строга и многу е тешко цели 30 дена да се придржувате до овие правила на исхрана. Ако еден ден згрешите, ќе мора да почнете одново“, раскажува доктор Оз.

За кето-диетата

„Тоа е добра диета ако ја користите краток период, но ако ја користите подолго, може да го влоши здравјето. Станува збор за диета во која јадете многу протеини и масти и потоа согорувате калории. Предностите се тоа што јадете храна што ја сакате и слабеете, но по подолг период, ќе почнете повторно да се дебелеете. Не би било паметно да се придржувате до оваа диета подолг период.“

Која диета може да се држи подолго време?

„Онаа диета што подразбира балансирана исхрана, но и вежбање. Периодичното гладување е нешто што го користи Хју Џекмен и мислам дека тоа совршено му одговара.

Еве за што се работи: да кажеме дека се придржувате до медитеранска исхрана и јадете сè што е здраво, но повремено можете да испиете чаша вино. Многу е важно да не појадувате премногу рано, но и да не вечерате премногу доцна. Појадувајте околу 10 часот, а вечерајте околу 18 часот. Тоа значи дека повеќе од 12 часа ќе постите, односно гладувате. Поради тоа ќе имате подобар и помирен сон, а телото ќе ви се прочисти.

За медитеранската исхрана…

„Медитеранската исхрана е нешто што сите го препорачуваат и се смета за најздрава исхрана на светот. Можете да ја држите цел живот: јадете риба, ореви, вино, маслиново масло, сè што е вкусно.

Многу е важно периодот на јадење да биде пократок од периодот на гладување. На пример, појадок околу 10 часот, а вечера во 18 часот. Така телото ќе има можност да одмори од храната“, тврди овој експерт.
Погледнете го и целосното видео во кое зборува за различните видови исхрана…

https://www.youtube.com/watch?reload=9&v=_QKrzfq-Ygg

Диетата на доктор Орниш со години е најпопуларна во светот: Доведете ја линијата до совршенство со помош на едноставни правила!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.