Подготвен за помалку од пет минути: Пробајте го овој здрав чоколаден мус
Здравите слатки закуски не се секогаш вкусни, но за среќа тоа не е случај со овој мус од чоколадо. Содржи авокадо, какао во прав и мед, а се што ви треба е добро да ги измешате овие три состојки и подготвен е здрав десерт.
Единствено што е важно за овој рецепт е дека авокадото треба да биде многу зрело, а можете да го збогатите додавајќи парчиња овошје, јаткасти плодови, лисја од нане или зачини, во зависност од вкусот.
Потребни состојки:
- 50 гр какао во прав
- 2 зрели авокада
- 2 лажици мед
- опционално за украсување 2 лажици сецкани ф’стаци по желба за гарнир и неколку семки од калинка.
Предлог за главно јадење: За сочно и меко месо полно со вкусови: Најдобрата маринада на светот!
ФОТО: Pexels