За сочно и меко месо полно со вкусови: Најдобрата маринада на светот!

Пробајте

За да го приготвите месото што полесно и вашето јадење да биде што повкусно, важно е да приготвите добра маринада и во неа да го држат месото 48-72 часа

Додека е во маринада, месото ги ослободува своите внатрешни сокови, а истовремено месото ги прима и мирисите на самата маринада.

Еве како да приготвите добра маринада за јунешко и пилешко месо или дивеч.

Состојки:
  • 1/4 л бело вино
  • 1/4 л вински оцет
  • 2 лажици шеќер
  • 10 зрна бибер
  • 50 г сечкан целер
  • 100 г сечкан магдонос
  • 100 г сечкани моркови
  • поголема главица црвен кромид исечкан на резанки
  • 2 чешниња лук, ситно сечкан
  • 1 л вода
Приготвување:

Измешајте вода, вино и оцет. Додајте исечкан зеленчук и зачини. Кратко проварете и оставете да се олади. Оваа количина е доволна за 3 кг месо, па доколку приготвувате помалку, намалете ја количината на состојки.

Феноменални трикови за најсочно месо: Во оваа маринада месото ќе стане меко и ќе се топи во уста!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.