Еве како изгледа животот на една жена која живее со 1.300 кучиња, 100 мачки и 4 коња: Вакво нешто не сте виделе досега!

Неверојатно!

Понекогаш, грижата за еден домашен миленик знае да биде напорна, а камо ли за илјада животни!

Животот на Вен Јунонг е полн со предизвици. Оваа жена ја презела грижата за занемарени животни, давајќи им љубов, засолниште и храна.

Еве како изгледа нејзиниот живот…

Станот ѝ е полн со кафези

Вен (68) живее во двокатна куќа, но полна со кафези. Според неа, своето прво куче го вдомила пред околу 20 години и оттогаш не престанала со таа активност. Нејзиното семејство сега брои околу 1.300 кучиња, 100 мачки, 4 коњи, неколку птици и зајаци.

Секое утро се буди во 4 часот

Вен станува рано за да подготви сѐ за своите миленици. Прво им ги чисти кафезите, потоа им готви мешавина од зеленчук, месо и ориз. Понекогаш дневно готви и до 500 килограми храна.

Го продала станот и земала заем за да ги покрие сите трошоци

Грижата за толку многу животни не е шега. За да ги исполни нивните потреви, Вен, која некогаш работела како техничар за заштита на животната средина, го продала својот стан. Исто така, земала заем, животна заштеда и пензија, за да може на своите животни да им обезбеди храна и сместување.

Се надева дека луѓето ќе дојдат кај неа доколку посакаат да вдомат домашен миленик

Како што сѐ повеќе луѓе ги напуштаат кучињата, така бројот на животни се зголемува во куќата на оваа жена. За да ги нахрани сите животни ѝ помагаат 6 луѓе, но нема повеќе место за нови станари. Соседите се жалат поради бучавата и миризбата, па поради тужби, Вен била принудена да се сели 6 пати.

 

Вен се надева дека луѓето ќе почнат да ги посвојуваат нејзините домашни миленици за тие да имаат нов дом полн со љубов.

Пензионерка (88) го продала својот имот и се преселила на луксузен крузер: 12 години постојано патува и ужива во животот
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.