Што да направите со паричката од погачата: Вака се чуваат среќата, здравјето и богатството во семејството!

Само ова е правилно

Според преданието, сите членови на семејството мораат да го изедат својот дел од погачата за во нивниот дом да влезат сила и здравје

Со векови наназад, погачата е традиционален леб што домаќинките кај нас го замесуваат за Бадниковата вечера или рано наутро за Божиќ, пред зазорување.

Неизоставен дел од погачата е паричката, а еве зошто таа е важна и зошто никако не смеете да ја фрлите или да ја задржите кај себе.

На масата, домаќинот му дели парче погача на секој член од семејството, а се верува дека оној што во својот дел од лепчето ќе најде паричка, во текот на целата година ќе има среќа, здравје и богатство.

Според преданието, сите членови од семејството мораат да го изедат својот дел од погачата за во нивниот дом да влезат сила и здравје, а оној што ќе ја најде паричката, никако не смее да ја фрли или заборави!

Се верува дека паричката најдена во погачата треба да се откупи со други пари од оној што ја нашол во лепчето, а потоа да се стави на икона или покрај неа, и да се чува до следниот Божиќ, бидејќи се верува дека среќникот што ја нашол ќе биде среќен и полн со пари цела година.

Јелена Карлеуша: Иако не верува во Господ, крши лепче со паричка за Бадник?! (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.