„Син ми не јаде месо и никогаш не пиел антибиотици, а сето тоа поради исхраната“: Вака се фали славната актерка!

Начин на исхрана

„Тој е болен само неколку часа и тоа е тоа“, тврди Алиша Силверстоун

Алиша Силверстоун секојдневно споделува новости за веганската исхрана на нејзиниот деветгодишен син Беар и објаснува како тоа влијае врз неговото однесување и здравје.

Во едно интервју минатата година, таа тврдела дека токму поради споменатата исхраната, никогаш не морала да му повиши глас на Беар и дека кога вашето дете се чувствува добро, се однесува добро.

Малку повеќе од една година, Силверстон го нарекува својот син „пример за здравје“, бидејќи благодарение на неговата веганска исхрана живее живот без антибиотици.

„Тој е огромен пример за здравје. Ова е дете со растително потекло“, рекла Алиша.

Алиша потоа изјавила дека на Беар никогаш не му требале антибиотици или медицински интервенции.

„Повеќето деца имаат воспаленија на уши толку често што постојано земаат лекови. Не велам дека не би му дала, велам дека тоа моментално не му е потребно“, рекла актерката.

Прочитајте и: Бидете во совршена форма ова лето со Galaxy екосистемот

Според неа, Беар бил болен само два пати во текот на својот краток живот и тоа само околу неколку часа.

„Мамо јас не се чувствувам добро. Одам да легнам. Само два пати го кажал тоа во текот на овие девет години. Носот му е затнат, но тој и понатаму се качува по дрвја. Толку е здрав. Само тоа сакам да го споделам со светот. За луѓето да можат да видат дека децата со растително потекло навистина се здрави. Не важно само да им биде добро. Тие можат да бидат многу подобро“, рекла актерката.

Ова не е првпат Силверстоун да зборува за одличното здравје на својот син.

Како главен говорник во 2018 година на самитот #RaiseTheGreenBar Силверстоун рекла дека Беар никогаш во животот не морал да зема лекови.

„Ако му тече носот, тој и понатаму се чувствува добро и оди на училиште“, додала таа.

Силверстоун се откажала од месо на 21 година. Во 2004 година не само што била прогласена за најсекси вегетаријанка, туку и напишала книга за веганскиот начин на живот и неговите придобивки, со наслов The Kind Diet.

Подоцна, во 2014 година ја објавила книгата The Kind Mmama каде што првпат открила дека на нејзиниот син никогаш не му требала медицинска помош.

„Кога ги користите билките како лек – овие хранливи чуда за навистина да се излечите, тогаш се’ е полесно. Мора да имаме среќни, здрави мајки и бебиња, а кога мама се чувствува добро, сите се чувствуваат добро. Децата се чувствуваат неверојатно и само се борат да направат се’ што им се прави и успеваат во тоа“, рекла таа.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.