Здрави закуски: Крекери со бадеми, рузмарин и семиња
Здравите закуски звучат скоро невозможно. Сепак, ароматичните крекери со бадеми, рузмарин и семиња не се само здрави, туку и посни.
Потребно е:
- 1 грст сецкани бадеми
- 3 полни лажици чиа семе
- 3 лажици семе од лен (уште подобро ако имате мелен лен)
- 70 гр брашно
- 1/2 лажичка сол
- 1/2 лажичка сушен рузмарин
- 40 гр сончоглед
- 3 лажици маслиново масло
- 200 мл вода
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки во сад, а потоа оставете ја смесата да отстои околу 30 минути. Смесата ќе биде првично течна, но ќе ја апсорбира целата течност кога стои. По стоењето, префрлете сѐ на хартија за печење, растопете и печете околу 30 минути на 200 степени (внимавајте да не остане жилаво).
Совет:
Крекерите се идеални за јадење самостојно, но и со малку сос или намаз.
Предлог за десерт: Пробајте го оригиналниот рецепт на главниот слаткар во Бакингемската палата (ВИДЕО)
ФОТО: Unsplash