Добро стилизираната жена во зрелите години се облекува токму вака: Фантастични модни изданија на Шерон Стоун!

Модна инспирација

Таа е жена со непогрешливо чувство за мода

Шерон Стоун со секое ново издание им одржува модни лекции на жените ширум светот. Иако оваа година го прослави 62-от роденден, таа не се откажува од младешките комбинации, а ние мора да признаеме дека одлично ѝ стојат.

Со секој стајлинг привлекува внимание и само позитивни оценки.

Освен со совршениот стил, може да се пофали и со совршена линија и младешки изглед. На прашањето како ѝ успева да изгледа толку добро, таа вели: „Не јадам вештачки обработена храна, не пијам кафе и многу ретко консумиран газирани пијалаци и алкохол“, рекла познатата русокоса и додала: „Но затоа јадам месо, темно чоколадо и без проблем додавам шеќер во чајот ако посакам.“

Актерката неодамна зборувала на тема стареење и на жените им испратила моќна порака:

„Сега се чувствувам најсамоуверено досега. Со текот на годините станав поселективна околу тоа со кого го поминувам своето време и повеќе не сум опседната со својот изглед. Идејата за вечна младост е мит и би сакала да го научев тоа многу порано. Не сакам да изгледам помладо, сакам да бидам жена која изгледала најдобро за своите години.“

Кој е вашиот нејзин омилен стајлинг?

Шерон Стоун ги запалила социјалните мрежи: Еве како изгледа ѕвездата на „Основен инстинкт“ на 62 години!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.