И најголемите љубители на месо ќе го обожаваат: Здрав бургер со плескавица од компир!

Гастро-мајстори

Рецепт на Десанка Накева

Гастро-мајсторката Десанка Накева е вистинска експертка кога станува збор за приготвување вкусни и здрави рецепти. Овие бургери, кои несомнено ќе го задоволат вкусот и на најстрасните љубители на месо и брза храна, се одличен пример за тоа! Побарајте ги нејзините специјалитети на инстаграм-профилот @morerecipes_foryou.

Состојки:
  • 6 средни компири
  • 2 лажичиња масло
  • 1/4 чаша грчки јогурт/павлака
  • 1 лажица пармезан
  • 1/8 чаша лебни трошки
  • 1/2 чаша интегрално брашно
  • сол
  • оригано
  • црн бибер

Приготвување:

1. Компирите ставете ги во сад со вода и со малку сол варете ги 30-40 минути. Треба да бидат убаво сварени.

2. Откако ќе се сварат, испасирајте ги како за пире. Во садот со компирите додајте павлака и масло и измешајте.

3. Додајте ги преостанатите состојки и зачинете. Треба да добиете густа нелеплива смеса.

4. Загрејте малку маслиново масло во тава на средна температура.

5. Земајте по една лажица од смесата и со рацете формирајте плескавици. Доколку ви се лепи тестото, можете да ги намрсите рацете.

6. Пржете ги плескавиците 4-5 минути од двете страни, додека поруменат.

7. Декорирајте го бургерот со зелена салата и сос по желба.

Извор: Добра храна

Рапсодија на вкусови: Збогатете ја вашата трпеза со овој солен тарт!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.