Пробајте го овој оброк што ги покренува сите сетила
Состојки:
- 1 пар пилешки гради
- 3 чешниња лук
- малку кари
- сол
- бибер
- 1 лажица соја-сос
- 1 лажица брашно
- масло
Приготвување:
- Шницлите, ако се подебели, исчукајте ги малку преку фолија и посолете ги.
- Во чинија сипете масло, малку соја-сос, кари, а потоа измешајте.
- Сипете ја смесата на шницлите и измешајте.
- Пржете ги на скара или во тефлонско тавче 15-20 минути за да заруменат убаво. Можете да ги поклопите на почетокот, за да се издинстаат малку.
- Преостанатото масло од шницлите сипете го во помало тенџере, па додајте брашно и здробен лук.
- Пропржете ги брашното и лукот за да добијат кремаста боја.
- Додавајте вода и мешајте до посакуваната густина. Сосот треба да биде поредок и треба добро да проврие.
- Исклучете ја ринглата, па додајте сол, бибер, соја-сос и лист од магдонос.
- Шницлите наредете ги во чинија и прелејте ги со сос.
- Веднаш послужете ги додека се топли.