Пилешки шницли во соја-сос: Сочен и вкусен понеделнички ручек!

Семеен ручек

Пробајте го овој оброк што ги покренува сите сетила

Состојки:
  • 1 пар пилешки гради
  • 3 чешниња лук
  • малку кари
  • сол
  • бибер
  • 1 лажица соја-сос
  • 1 лажица брашно
  • масло
Приготвување:
  • Шницлите, ако се подебели, исчукајте ги малку преку фолија и посолете ги.
  • Во чинија сипете масло, малку соја-сос, кари, а потоа измешајте.
  • Сипете ја смесата на шницлите и измешајте.
  • Пржете ги на скара или во тефлонско тавче 15-20 минути за да заруменат убаво. Можете да ги поклопите на почетокот, за да се издинстаат малку.
  • Преостанатото масло од шницлите сипете го во помало тенџере, па додајте брашно и здробен лук.
  • Пропржете ги брашното и лукот за да добијат кремаста боја.
  • Додавајте вода и мешајте до посакуваната густина. Сосот треба да биде поредок и треба добро да проврие.
  • Исклучете ја ринглата, па додајте сол, бибер, соја-сос и лист од магдонос.
  • Шницлите наредете ги во чинија и прелејте ги со сос.
  • Веднаш послужете ги додека се топли.
Милански шницли: Тајната на добро приготвеното месо лежи во ова!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.