Едноставен трик за отстранување на портокалови дамки од пластичните садови

Неверојатно едноставно

Пластичните садови за складирање храна можат лесно да се обојат со масла, сосови или едноставно да добијат нијанси на интензивна боја на храна, но постои решение да се направат повторно да изгледаат како нови, а трикот го открила Ади Кемплер.

Ади Кемплер од САД го сподели својот метод за отстранување на мрсни дамки од пластични контејнери на „ТикТок“, објаснувајќи дека сѐ што ви треба за чистење на пластичен сад се неколку капки детергент за миење садови, малку топла вода и неколку искинати хартиени крпи.

„Овој трик ми заштеди многу пластични садови, така што, пријатели, немате што да изгубите ако го пробате“, напиша Ади.

На видеото, Ади исполнува пластичен сад со мала количина течност за перење, малку топла вода и кујнска крпа, исечена на мали парчиња.

Откако ќе ставите сè внатре, покријте го садот и тресете сè добро помеѓу 45 и 60 секунди.

Ади се заколнува дека толку добро ги отстрануваат мрсните дамки од пластичните садови што обично ги уништуваат по складирање храна, па садовите стануваат бескорисни за понатамошна употреба. Дури и да ги ставите во машина за миење садови, на проѕирната пластика останува трага од боја, но на овој начин дефинитивно нема да се случи.

Причината за функционирање на овој трик е што хартиената крпа помага да се апсорбираат сите мрсни остатоци за време на тресењето, оставајќи ја површината на контејнерот целосно чиста.

Овој трик го погледнале скоро половина милион луѓе на Интернет и илјадници рекле дека едвај чекаат да го испробаат сами.

„Неверојатно е, навистина функционира“, напиша еден коментатор кој го испроба.

Другите го истакнаа фактот дека исто така можете да се ослободите од дамките од сос од домати и болоњезе со ставање на пластиката на сонце неколку часа.

Може да додадете неколку лажички шеќер, неколку коцки мраз, течност за миење садови и сапун во садот пред да протресете.

Прочитајте и: Неправилното чистење на четката за заби ви прави голема штета

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.