Омилено време за секс – пауза за ручек

Истражување открива

Сè почесто слушаме дека наскоро доаѓа „бејби бум“ затоа што луѓето поминувале повеќе време дома за време на пандемијата.

Една британска веб-страница ги истражувала сексуалните навики на луѓето и еве што откриле тие.

Onbuy.com анкетирал околу 5.000 луѓе низ Велика Британија за да открие кога е нивното омилено време за водење љубов.

Омиленото време за секс е, за повеќето испитаници, помеѓу 18 и 22 часот. Од друга страна, околу една третина од луѓето рекле дека омиленото време за секс е помеѓу 10 и 14 часот, за време на паузата за ручек.

Работните денови се резервирани за секс за повеќето вработени, а не само за работа, што не е изненадувачки за време на карантин. Најчесто место каде се одвива „акција“ е спалната соба (дури 97% од испитаниците), а најмалку популарни се парковите и клупите.

Што се однесува до фреквенцијата на секс, повеќето парови рекле дека имаат секс 3 до 4 пати неделно, а само 5 проценти од луѓето имаат секс секој ден.

Нешто повеќе од половина од нив веруваат дека нивниот сексуален живот се подобрил за време на пандемијата на коронавирусот, а 28% од луѓето веруваат дека целата ситуација негативно влијае на тој аспект на нивната врска со нивниот партнер.

Прочитајте и: Разговорот за фетиши треба да биде отворен

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.