5 најчести грешки што ги правите кога тренирате дома

Бидете внимателни

Иако се чини навистина практично само да станете од кревет, да земете подлога и да вежбате, ако не знаете како правилно да изведувате вежби без тренер, подобро е да не се препуштате на вакви потфати заради потенцијални грешки што можат да доведат до повреда.

Во оваа нова ера на обуки со обучувачи преку апликации, Инстаграм и Јутјуб, можете да станете многу креативни, да ги преминувате границите што не треба да ги надминувате или едноставно да се откажувате кога не треба затоа што на крајот на краиштата – нема никој покрај вас да ве охрабри и поправи. Ви ги наведуваме петте најчести грешки што ги правиме кога вежбаме дома.

Станавте прекреативни

Вежбите сами ги менувате или ги комплицирате, а од само неколку едноставни вежби кои ќе знаете како правилно да ги изведувате, можете да добиете подобар резултат.

Тренирате премногу

Интернетот е преплавен со содржина за вежби, па не е ни чудо што сакате да пробате неколку тренинзи на ден. Но, не го менувајте тренерот што ви одговара. Пронајдете еден и направете распоред за тренинзи за 4-5 дена во неделата. Во никој случај не заборавајте да земете слободен ден бидејќи тоа е клучно за градење на мускулите.

Откажување

Не се држите до тренинзите според распоредот и тоа е најчестиот проблем што го имаме со тренирањето дома. Тешко е да останеме упорни и мотивирани. Направете го тоа лесно за себе и направете неделен план, запишете ги своите цели и гледајте на нив како на работа за која добивате плата.

Вежбате сами

Ако сте личност која е уште повеќе мотивирана од групен тренинг, здружете се со пријателите преку Зум или некоја апликација и вежбајте заедно. Создадете заеднички рутини и започнете со тренинзите.

Прочитајте и: Оваа едноставна вежба, која можете да ја правите дома, ќе го активира вашето цело тело

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.