Меган Маркл ја загуби правната битка со таблоидот: Ќе треба да плати 87.000 долари

Нејзината тужба е отфрлена од судот

Бившата војвотка од Сасекс Меган Маркл го тужеше таблоидот „Мејл он сандеј“ за објавување извадоци од приватното писмо што таа му го испратила на нејзиниот татко Томас Маркл, притоа изоставувајќи некои делови, но по се’ изгледа дека таа ќе мора да плати 87.000 долари отштета (67.000 фунти) за судските трошоци од спорот во мај, во текот на кој судот отфрли дел од нејзината тужба против споменатиот таблоид.

Нејзиниот портпарол потврди за „Инсајдер“ дека актерката ќе го плати износот на правните трошоци.

Судот го отфрли тврдењето дека весникот се однесувал некоректно со изоставувањето на тие делови, а исто така и тврдењето дека весникот на тој начин ги оштетил односите меѓу Меган и нејзиниот татко.

Покрај горенаведеното, војвотката ги тужеше за злоупотреба на приватни податоци, кршење на авторските права и кршење на Законот за заштита на податоците.

Иако судијата не ја отфрла тужбата поради кршењето на приватноста и авторските права, ние сме изненадени, бидејќи нечесното однесување беше оценето како ирелевантно за случајот“, рекол правниот портпарол на војвотката по сослушувањето во мај.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.