Нина Бадриќ одговори на понудата да копа компири: „Да се насладуваш со чија било несреќа е пораз за човечноста““

Секогаш подготвена да помогне

Откако поп-пејачката Нина Бадриќ упати јавен апел до хрватските власти да ги дефинираат условите под кои ќе можат да работат музичарите во услови на епидемијата на коронавирусот (повеќе информации можете да прочитате ТУКА), на социјалните мрежи и во медиумите се прошири одговорот на една жена, која ѝ даде понуда за работа на популарната пејачка, а која гласи вака:

Еве, за неколку дена ќе го ископаме компирот, триесет хектари, во околината на Бјеловар, и потребни ни се работници, плаќаме 300 куни (околу 2.500 денари) од ден. Ве молам да ја известите дотичната ако сака да работи. Може да ги земе и Северина и другите што не зедоа помош од 4.000 куни (32847.68 ден.). Само, кажете ѝ да не ни дојде во дизајнерскиот фустан од 14.000 куни (115.000 ден.), со кој се пофали пред неколку месеци, бидејќи врнеше деновиве и доста е калливо“, порача жената.

Бидејќи понудата крена голем прав во јавноста, се огласи и Бадриќ, која го порача следново преку социјалните мрежи:

Да се насладуваш со чија било несреќа е пораз за човечноста“, напиша пејачката во описот на исечокот од весник, кој го објави на Инстаграм.

 

 

View this post on Instagram

 

Nasladjivati se nad biilo čijom nevoljom poraz je ljudskosti. #ravnododna.com

A post shared by Nina Badrić (@badrich) on

Разбирливо, Нина ја поддржаа и нејзините пријатели преку коментарите од типот:

Госпоѓата даде оглас. Веројатно сите ќе ѝ дојдат да вадат компир бесплатно ако таму има луѓе од естрадата. Жената има нос за бизнис. Мора да привлече работна сила, очигледно не ѝ оди добро”, напиша Памела.

 

View this post on Instagram

 

Bez ičeg san na ovom Svitu bilon…. Oliver ❤️ Vela Luka ❤️

A post shared by Nina Badrić (@badrich) on

На толку многу сме помогнале, па би ѝ помогнале и на неа да ги ископа компирите“, се надоврза Нина Бадриќ.

Фото: Инстаграм

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време