Кога е вистинското време за вадење на крајниците

at doctor's office
Тонзилоаденоидектомија претставува хируршка процедура со која се отстрануваат палатиналните тонзили (крајниците) и аденодните вегетации (трет крајник) од ждрелото и сводот на ждрелото (епифарингс). Палатиналните крајници и третиот крајник се акимилација на лимфно ткиво сместено во ждрелото помеѓу предниот и задниот непчен лак и на сводот на ждрелото (епифарингс). Тие го чуваат нашиот организам од бактериски, вирусни, габични и паразитски инфекции, но кога ќе заболат, може да бидат причина за многу болести.

Уште одамна постои спор за тоа дали крајниците треба да се оперираат или не. Одговорот е јасен: заболените крајници најчесто мора да се отстранат, бидејќи тие не само што не си ја вршат својата функција, туку можат многу да му наштетат на организмот. Доколку не се отстранат навремено, со текот на годините може да предизвикаат појава на бројни болести, како што се воспаление на зглобови, срцеви структури (бактериски ендокардитис), потоа разни воспалениски состојби на бубрезите, но и воспление на ушите која може да доведе до наглувост. Овие компликации настануваат како последица на ширење на причинителот на воспалението и инфекцијата која од крајниците се шири во организмот преку лимфата, крвта или директно се пренесува на другите органи.

Doctor and Patient

ОПЕРАЦИЈА НА КРАЈНИЦИТЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВА:

Најчести причини за оперативен третман на крајници:

  • Чести рецидивирачки ангини (лица кои имаат чести ангини (повеќе од трипати годишно по ред, повеќе од пет пати годишно по ред или повеќе од седумпати во текот на една година)
  • Повторливи перитонзиларни абсцеси
  • Назначена хиртрофија на крајниците (која прави опструкции)
  • Отежнато дишење на нос и дишење со отворена уста
  • Хрчење при спиење и Sleep apnea,
  • Доколку честите инфекции влијаат на појавата на чести инфекции на средното уво и намален слух (акутни воспаленија, секреторен отит
  • Клицоносителство, крајниците како жариште (фокус) за инфекции на други органи-(нефритис реуматска треска, алопеција) кога е докажано дека се причина за foetor ex ore.
  • За да се постави правилна индикација за тонзилоаденоидектомија потребно е да се земе добра анамнеза и да се направат следниве испитувања:
    • ОРЛ преглед (орофарингоскопија, предна риноскопија, отоскопија)
    • Фиберназоепифарингоскопија, брис од нос и грло, ККС со CRP о АСО
    • Тимпанометрија и аудиометрија
    • Полисомнографија (за дијагноза на sleep apnea)
После бројни истражувања заклучокот е јасен: болните крајници треба да се оперираат, а здравите имаат многу корисна улога во организмот.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.