Секси-модел: Овој костим за капење им е омилен на познатите дами (ФОТО)
Дознајте зошто токму тој им е омилен!
Позната дама која прва годинава го облече хит моделот на костим за капење е латино-дивата Џенифер Лопез.
Презгодната Џеј Ло објави фотографија на Инстаграм на која ужива покрај базенот во едноделен костим за капење со длабок изрез.
View this post on Instagram
А како и’ стои и колку го сака хит-моделот покажа и младата манекенка Каја Гербер, која на својот инстаграм-профил објави фотка на која позира во портокалова верзија, која одлично му прилега на исончаниот тен.
Минатото лето, пак, Кортни Кардашијан промовираше виолетова верзија на едноделниот костим за капење.
Имаку, овој омилен модел за позирање во плиткото има секси-дизајн, кој веројатно има клучна улога во неговата популарност. Покрај долгиот V-изрез, за кој многумина би рекле дека е „безобразно“ длабок, високо сечените делови на колковите ги истакнуваат облините, правејќи ги совршени. Потсетува на моделите од 80-тите и 90-тите години од минатиот век, кои ги носеа заводниците во серијата „Чувари на плажата“, а ќе се согласите дека одлично изгледа и во сите бои, нели?
Фото: Инстаграм, Getty Images