Меланија него го сакала пред Трамп: Се запознале во Љубљана, а се разделиле поради ова!

И никогаш повеќе не се слушнале!

Петер Бутолн, новинар од Словенија, бил во врска со сегашната прва дама на Америка, Меланија Трамп, додека таа живеела во родната Словенија. Тој ги открива за медиумите сите детали од нивното запознавање, врската, но и поради што се разделиле.

ФОТО YOUTUBE PRINTSCREEN

Бевме во врска три месеци. Заврши училиштето и летото беше пред нас. Во тоа време, целата екипа се собираше во центарот на Љубљана. И Меланија дојде со својата екипа. Јас одев во гимназија, а таа во средно школо за дизајн. Јас имав 18 и пол, а таа 17 години. Љубљана е мала, се знаевме сите, па новото лице во друштво брзо го забележуваш. Беше убава, вита, а јас испив малку и го направив првиот чекор. И така почнавме. Одев по неа во станот. Тоа беше мал, еднособен стан. Таму живееше со сестра си Инес, која беше четири години постара од неа. Прво живееја со татко им во изнајмен стан, а потоа тој им го купи станот. Ни беше убаво, онака, младешки. Таа не сакаше да излегува до доцна, не пиеше алкохол како другите девојки. Сакаше да биде одморена на снимањата. Нашето дружење го прекина војската што ја служев во Јастребарски. Оттогаш се немаме слушнато“, раскажува Бутолн.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.