Совет од лекар: Како да ја намалите главоболката предизвикана од работа пред екран

Корисни совети

Фото: Getty Images

Пребарувањата поврзани со главоболка на „Гулг” во последно време јасно кажуваат дека има проблем кај луѓето кои поминуваат повеќе време гледајќи телевизија, користeјќи мобилни телефони и компјутери, заради карантинот.

Иако главоболката е еден од симптомите кај голем број луѓе заразени со коронавирус, таа сè уште не е вклучена во списокот на официјални симптоми кои вклучуваат треска и постојана сува кашлица.

Пребарувањата на „Гугл“ за поврзаноста меѓу главоболките и коронавирусот се чести, а податоците од Велика Британија покажуваат зголемување за 4.450 проценти во пребарувањата со поимот „Ковид главоболка” во последните седум дена, односно „дали главоболка е знак на коронавирус” за 2.900 проценти. Кога станува збор за пребарувањето со клучните зборови „намалување на напнатост од главоболка”, пребарувањето е зголемено за 250 проценти.

Се верува дека зачестеноста на главоболките е резултат на зголеменото време што луѓето го поминуваат пред екраните.

„Не е тајна дека изложеноста на екрани може да предизвика главоболки и проблеми со видот. Сега кога скоро сите работиме од дома и поминуваме многу повеќе време пред екраните, овие главоболки веројатно ќе се зголемат. Она што можете да направите за да се заштитите од нив е да купите очила кои блокираат сина светлина. Оваа сина светлина е штетна и ја испуштаат екраните на компјутерите, мобилните телефони, таблетите и слично. Прекумерната употреба на овие уреди може да предизвика главоболки и проблеми со видот. Очилата што блокираат сина светлина имаат филтри во нивните леќи кои блокираат или апсорбираат сина светлина, како и УВ светлина. Ако ги носите овие очила додека гледате на екранот, особено во текот на ноќта во слабо осветлена просторија, тие ќе ви помогнат да ја намалите изложеноста на сина светлина “, вели д-р Арагона Џузепе.

Таа препорачува да се ограничи времето што го поминуваме пред екранот и да се распредели поголемиот дел од тоа време за работа. Користењето на уредот за забава треба да се замени со читање, лесни вежби или друштвени игри.

Исто така, се советува едночасовна пауза, излегување на свеж воздух, пешачење и истегнување. На овој начин, телото ќе добие доволно воздух за крвта и мозокот, а очите ќе се одморат. Таа, исто така, ја истакна важноста на хидратацијата.

Прочитајте и: Колку цинкот е важен за вашиот организам?

 

ФОТО: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.