Зошто треба да го искористиме слободното време за читање?

Истражување открива

Во светот на сеприсутни екрани и монитори, лесно е да се заборави чистото задоволство на прелистување низ добра книга, а подолу ви даваме многу добра причина за конечно да ја прочитате книгата што ви остана недопрена.

Истражувањата откриле дека луѓето што читаат книги имаат подолг животен век од оние кои не го прават тоа.

Луѓето кои читаат книги половина час на ден живеат во просек две години подолго од читателите што не читаат. До овој заклучок дојдоа експерти од универзитетот Јеил, а повеќе од 3.600 мажи и жени над 50 години учествуваа во студијата. Оние што читаат книги повеќе од три часа неделно, имаат 23 проценти поголема веројатност да ги надминат своите врсници на кои весниците и списанијата им се единствената „литература“.

Експертите велат дека книгата поттикнува „длабоко читање“ и, за разлика од прелистувањето преку весник, го придвижува мозокот кон критичко размислување, во кое се вклучени сите негови делови.

Читањето книги ја зголемува емпатијата и емоционалната интелигенција, што може да доведе до подобра интеракција помеѓу луѓето. Ова не значи дека треба да се избегнуваат весници и списанија, затоа што читањето само по себе го стимулира размислувањето и го збогатува речникот што ги прави нашите умови поотпорни.

Поточно, му овозможува полесно да ги сноси последиците од мозочен удар или некоја друга форма на мозочна слабост, како што е Алцхајмеровата болест.

Прочитајте и: Овие 3 хороскопски знаци имаат непогрешлива интуиција: Ги читаат сите околу себе како отворена книга!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.