Џенифер Лопез одлучи да го покаже пејачкиот талент на својот 12-годишен син Макс, споделувајќи видеоснимка од претставата „Волшебникот од Оз“, во која учествувал нејзиниот наследник.
Гордата мајка, прво ја истакна својата ќерка Ема, со која настапи на годинешниот Супер бол, а сегаодлучи да се пофали и со синот.
Инаку, близнаците Ема и Макс ги доби од бракот со популарниот пејач Марк Антони, па децата дефинитивно имале од кого да го наследат добриот глас.
Инаку, видеото на Макс за два дена заработи 6,5 милиони лајкови… ѕвездата е родена, што би се рекло!
Фото: Getty Images
Видео: Youtube