Највпечатливите тоалети на доделувањето на наградите БАФТА (ФОТО)
Чиј стајлинг најмногу ви се допаѓа?
Вчеравечер во „Ројал Алберт хол“ во Лондон се одржа свеченото доделување на 73-те награди на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА).
Познатите личности блеснаа во раскошни тоалети, кои дефинитивно им го привлекоа вниманието на многубројните фоторепортери и новинари на црвениот килим.
Шарлиз Терон прошета во виолетов фустан на модниот гигант „Диор“, додека, пак, Марго Роби избра црн долг фустан со тантела, со впечатлив изрез на грбот, кој е дело на модната куќа „Шанел“.
Оскаровската Рене Зелвегер изгледаше нежно во креацијата на „Прада“, а Емилија Кларк блесна во тоалета на модната куќа „Скијапарели“.
Во продолжение погледнете ги преостанатите ѕвезди и изберете го својот фаворит!
Леди Харви
Фото: Getty Images