Северина со емотивна порака: „Верувајте со целото свое срце во добрина и добрина ќе ви се случи“

Не дозволува никој да и ја одземе надежта и вербата дека ќе го врати синот

Пејачката Северина Којиќ имаше стресна година која реши да ја заврши со насмевка на лицето. Веќе подолг временски период се наоѓа под лупа на јавноста, се проценуваат нејзините родителски квалитети, се изненсуваат разни ставови на сметка на нејзиниот морал, се следи секој нејзин чекор, а во 2019 година се соочи и со професионални разделби, финански проблеми, а неодамна го доби и најтешкиот животен удар откако судот во Загреб донесе привремена мерка и наложи нејзиниот син Александар во иднина да живее со својот татко, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ.

И покрај сето ова , пејачката која е припадник на католичката вероисповед, вчера со насмевка на лицето го прослави најважниот празник во годината – Божиќ и го порача следново:

Верувајте со целото свое срце во добрина и добрина ќе ви се случи. Секој крст кој го добивате носете го достоинствено и во мир, тој ве штити од се. Ви посакувам среќен Божиќ полн со благослави, порача Северина.

https://www.instagram.com/p/B6fhGwLB5Td/?utm_source=ig_embed

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.