Пред да си легнете…
- Направете плетенки додека косата ви е влажна.
- Спијте со маска за очи. Така ќе спречите „туткање“ на кожата.
- Втријте хидратантен крем во кожата на лицето и телото.
- Зачувајте ги ефектите од фенирањето: косата врзете ја во високо опавче.
- Втријте есенцијално масло во кожата на лицето. Наутро ќе изгледате како штотуку да сте се вратиле од козметички салон.
- Нанесете слој подлога преку ноќниот крем. Да, пред спиење! Тоа ќе овозможи полесно впивање.
- Ставете маска за коса.
- Втријте препарат за самопотемнување. Почекајте да се исуши!
- Спијте на сатенски навлаки – така косата нема да ви се мрси, ни крши.
Најдобри формули од вашата кујна
1 Кафен шеќер + млеко = ексфолијатор за тело
2 Јогурт + мед = мелем за црвенило и за осетлива кожа
3 Чичково масло+сончогледово масло=третман за темето на главата
4 Вазелин+нерафиниран шеќер=пилинг за усни
5 Прстофат сол + вода = спреј за коса
6 Ружина водица + кокосово млеко = релаксирачка купка
7 Загреано маслиново масло = третман за коса пред миење
8 Зелен чај + вода = тоник за лице
9 Лимонов сок + чај од камилица = за осветлување на косата
10 Морска сол + бадемово масло + цимет + рузмариново масло =
пилинг за раце и за стапала
Совет-плус: Употребете приближно еднакви количества од сите состојки.
Текст: Б. Стојменовиќ
Фото: Getty, Shutterstock