Разбудете се поубави! Совети за нега и за разубавување

Не е лошо да се знае...

Пред да си легнете…

  1. Направете плетенки додека косата ви е влажна.
  2. Спијте со маска за очи. Така ќе спречите „туткање“ на кожата.
  3. Втријте хидратантен крем во кожата на лицето и телото.
  4. Зачувајте ги ефектите од фенирањето: косата врзете ја во високо опавче.
  5. Втријте есенцијално масло во кожата на лицето. Наутро ќе изгледате како штотуку да сте се вратиле од козметички салон.
  6. Нанесете слој подлога преку ноќниот крем. Да, пред спиење! Тоа ќе овозможи полесно впивање.
  7. Ставете маска за коса.
  8. Втријте препарат за самопотемнување. Почекајте да се исуши!
  9. Спијте на сатенски навлаки – така косата нема да ви се мрси, ни крши.

Најдобри формули од вашата кујна

1 Кафен шеќер + млеко = ексфолијатор за тело

2 Јогурт + мед = мелем за црвенило и за осетлива кожа

3 Чичково масло+сончогледово масло=третман за темето на главата

4 Вазелин+нерафиниран шеќер=пилинг за усни

5 Прстофат сол + вода = спреј за коса

6 Ружина водица + кокосово млеко = релаксирачка купка

7 Загреано маслиново масло = третман за коса пред миење

8 Зелен чај + вода = тоник за лице

9 Лимонов сок + чај од камилица = за осветлување на косата

10 Морска сол + бадемово масло + цимет + рузмариново масло =

пилинг за раце и за стапала

Совет-плус: Употребете приближно еднакви количества од сите состојки.

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: Getty, Shutterstock

 

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.