Зачинето со љубов: Пробајте ги овие превкусни колачиња од лешник!

Мора да ги пробате!

Овие колачиња се зачинети со најважната состојка за добар вкус – љубовта

Ве запознаваме со Ана Ќурчиевска, гастро-мајсторката што стои зад блогот „Зачинето со љубов“ (zacinetosoljubov.mk) и инстаграм-профилот @zacinetosoljubov. Овој пат таа ни приготви превкусни колачиња од лешник, кои мора да ги пробате!

Состојки:

За колачињата

  • 1 чаша лешници
  • 1 чаша урми
  • 2 лажици какао во прав

За филот

  • ½  чаша урми
  • 5 лажици вода

За декорација

  • кокос
  • ореви
  • лешници
Приготвување:

1. Ги блендираме урмите и лешниците

2. Со калап вадиме кружни форми од смесата

3. Филот од урми и вода го нанесуваме на колачињата

Послужете ги овие вкусни колачиња со чаша бадемово млеко!

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.