Класичните средства за хигиена и за нега во функција на убавината

Практични совети

Ви откриваме неколку трикови што ќе ви го олеснат процесот на разубавување.

1 Четкичка за заби.

Користете ја за…

… корекција на фризурата. Со нејзина помош втријте гел во линијата на растот на косата.

… пилинг. Намокрете ја четкичката и истријте ги усните.

… нанесување маска за лице. Но прво измешајте ги состојките на маската.

… чешлање веѓи. Попрскајте ја четкичката со лак за коса!

… бојадисување веѓи. Четкичката потопете ја во боја за коса, па исчешлајте ги веѓите.

… покривање седи влакна. Седите влакна прекријте ги со сенка за очи чија боја одговара на бојата на вашата коса.

… фиксирање на маскарата. Со четкичката решете ги грутките и залепените трепки.

… отстранување дамки од боја за коса. Четкичката натопете ја во шампон и нежно тријте ја кожата по должина на линијата растот на косата.

… миење заби: Најмалку двапати дневно!

2 Вазелин. Може да послужи за…

… поголем сјај на очите. Втријте малку вазелин преку сенка за очи – или на чисти капаци.

… поцврсти трепки. Втријте вазелин во трепките и во веѓите пред спиење.

… хидрирање на усните. Во текот на целиот ден!

… заштита на кожата при бојадисување на косата. Нанесете го во должина на линијата на растот на косата.

… смекнување испукани петици. Богато намачкајте ги стапалата пред спиење, облечете чорапи и соблечете ги наутро.

… сјај на образите. Втријте малку вазелин во јаболчниците.

… нега на нокти. Измасирајте ги заноктиците во вазелин.

… намалување на иритацијата на кожата на носот за време на настинка. Вазелинот е најефикасен во вакви ситуации.

… сјај на усните. Користете вазелин наместо липбалм.

3 Памучно стапче за уши.

Пробајте да…

… ја поправите шминката. Стапчето потопете го во млеко за лице и отстранете ја размачканата шминка.

… креирате „мачкини очи”. Со стапчето повлечете линија по горниот капак па – нагоре.

… ја ублажите линијата на поцртаните усни. Со стапчето поминете над повлечената линија.

… ја ублажите линијата од ајлајнерот. Применете ја истата постапка како за усните.

… ги закамуфлирате подочниците. Втријте малку коректор под очите.

… ги закамуфлирате акните. Над слој коректор, со стапчето нанесете малку прав-пудра.

… заштедете. Со стапчето од кутивчето соберете ги остатоците од крем за лице или од некој друг скап препарат. Секој денар е важен!

Текст: Н. Човиновска

Фото: Guliver/Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.